Неверојатна маска за лице со помош на само едно јајце – видлив ефект уште по првата употреба

0

Протеините од јајцето се од непроценлива важност во исхраната на човекот. Освен што се незаменлива намирница во исхраната, со комплексот протеини и витамини кои ги содржат се идеален сојузник на здравјето и убавината на кожата. Во продолжение ви ја презентираме популарната маска за лице која откако еднаш ќе ја пробате ќе продолжите да ја употребувате постојано.

Потребни состојки

  • 1 јајце
  • неколку хартиени шамивчиња или салфети

Подготовка и начин на употреба

Во посебен сад се одвојуваат белката од жолчката и се матат. Откако белката ќе стане пенлива со помош на четка се нанесува на претходно исчистено и суво лице. По нанесувањето лицето се прекрива со хартиените шамивчиња или салфети претходно исечени според обликот на вашето лице со оставање отвори за очите и устата. Врз шамивчињата се нанесува  остатокот од белката и се остава маската да се суши се додека не постане корава (30-тина минути). Откако ќе се исуши со нагли повлекувања се отстрануваат шамивчињата од лицето и лицето се мие со млака вода.

Откако лицето ќе се исуши со четка се нанесува изматената жолчка и се остава да се суши 10-тина минути. Потоа лицето се мие со млака вода.

Се препорачува маската да се користи еднаш неделно за одржување на чиста,мека и негувана кожа.

Напомена:  Доколку имате лице склоно кон создавање акни при подготовката на маската во белката додадете неколку капки лимонов сок.

Avatar
Родена: 02.04.1992 година во Крива Палнка Основно образование(1998 -2006), ОУ “Илинден” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2006-2010), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2016 година) Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Признание од доктори.мк за особен придонес во здравствената едукација во Република Македонијс Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of Haepatite A virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Makovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа Кристина за Доктори: Доктори.мк е сајт кој го следам од самиот негов почеток. Во него гледам голем проект кој се реализира и ги надминува сите очекувања. Горда сум што добив можност да бидам дел од овој тим кој е полн со амбиции. Верувам дека Доктори.мк понатаму ќе стане симбол за он-лајн медицина во Македонија и пошироко.