Интересни бројки и факти за забите

0

Без некоја посебна најава, во наредниот текст прочитајте неколку интересни информации за забите, кои веројатно до сега не сте ги знаеле.

1. При џвакање забите делуваат со сила од 9 до 15 килограми. Максимумот е 100 килограми, ако гризете јатки.

2. Во средниот век богатите Европјани користеле дрвени чепкалки за чистење на забите. Во 1498 г. за императорот на Кина е изработена првата четка за заби со дршка од коска и свински влакна. Изработката на четката била многу скапа и семејствата често користеле една заедничка четка. Од 1920 г. стоматолозите препорачувале употреба на индивидуална четка. Во 1928 г. Dupont ја направил првата четка со синтетички влакна која била поефтина и луѓето почнале да ја користат во индивидуална сопственост.

3. Американските стоматолози искористуваат 13 тони злато за една година, за изработка на коронки, мостови и забни протези.

4. Пастата за заби била изработена уште од Египќаните пред 5000 години и се состоела од смеса од вино и глина.

5. Секој млечен заб го чува местото на неговиот траен следбеник. Ако млечниот заб се извади порано, постои опасност неговиот траен следбеник да изникне криво.

6. Забниот емајл е најцврстото ткиво во човечкиот организам.

7. Философот Аристотел сметал дека мажите имаат повеќе заби од жените. 18 века никој не се сетил да го го провери тоа.

8. 48% од жените пушачи по 50 годишна возраст имаат потреба од протеза. Кај непушачи тој процент е едвај 26%.

9. Едно на секои 3000 бебиња се раѓа со изникнат заб.

10. Просечен човек во текот на животот создава плунка доволна да се наполнат два базена.

11. Секој човек има уникатен „печат” на јазикот.

12. Да се насмееш неопходни се 17 мускули, а за да се намрштиш 43.

   ОД ЖИВОТИНСКИОТ СВЕТ:

13. Забите на верверичката и зајакот растат непрекинато. Нивните секачи растат и по 15 cm годишно, но остануваат со непроменета должина во устата бидејќи постојано се трошат при гризењето.

14. Мачката има 30, а кучето 42 заба.

15. Крокодилите ги менуваат своите заби повеќе од 40 пати во текот на животот.

16. Водените и сувоземните оклопници се беззаби.

17. Еден заб на слон тежи повеќе од 3 кг.

18. Повеќето китови се беззаби.

Знаевте ли дека . . .

….Во 1 ml забен налеп се содржат околу 800 милиони различни микроорганизми…

…Често жртва на пародонтопатија се вегетаријанците бидејќи се ограничуваат претежно на зрнеста исхрана…

…Според Европската академија за детска стоматологија најбрзо забен налеп се создава од чипсовите и сувите колачи, како на пример бисквитите. Тие се разложуваат побавно во устата отколку бонбоните…

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-