Зголемете ја отпорноста на вашето дете

Во денешно време го одгледуваме детето во идеална надворешна средина и тоа навикнува кон неа, па секоја најмала промена на факторите (намалување на температурата, влажноста или др.) ќе влијае негативно врз неговото здравје.

Општи услови на челичење

Челичењето е процес во кој детето се става во такви услови на надворешната средина (за време на будност и сон) со цел да се зголеми отпорноста на организмот кон нагли промени на температурата, влагата, ветерот и сонцето.

Во денешно време го одгледуваме детето во идеална надворешна средина и тоа навикнува кон неа, па секоја најмала промена на факторите (намалување на температурата, влажноста или др.) ќе влијае негативно врз неговото здравје. Не сугерирам дека треба да го одгледуваме детето на темно, влажно и ладно место. Челичењето е предмет на принципи кои треба строго да се почитуваат за да може сите наши напори во оваа насока да доведат до посакуваната крајна цел. Тоа се врши со помош на главните фактори на надворешната средина – воздух, вода и сонце.

Челичењето е систематски процес

За успешно челичење треба да го вклучиме влијанието на овие фактори врз детето по ред, силата на нивното влијание е потребно да се зголемува постепено и еднаш веќе почнатото челичење би требало да продолжи систематски (секој ден овие фактори да влијаат).

Челичењето е процес кој бара индивидуален пристап и треба да е максимално адаптирано кон индивидуалните особености и темпераментот на вашето дете. Тука спаѓаат условите на средината во која детето живее.

Таа треба да обезбеди мирен сон и будност. Детето треба да се чувствува удобно – да не се поти или трепери. Температурата на собата е оптимална кога е околу 23-24 степени, а промените кои детето може да ги издржи без да се постигне ефект на стрес се во рамките на 2-3 степени. За време на сон собната температура би требало да е 18-20 степени.

Имајте на ум дека девојчињата се склони кон повисока температура, додека момчињата се чувствуваат подобро и се помирни кон пониски температури. Ова важи особено за време на сон. Пониска температура за време на сон ви гарантира мир, на вас и детето – тоа не се врти, не плаче, туку се стуткало под покривката и спие мирно и благо. Важна е и влажноста на воздухот, чија оптимална вредност е околу 40-60%.

Високата влажност, или обратно – сувиот воздух, обично го мачат детето. Важно за зацврстување на детето е присуството на свеж воздух. Ова бара секојдневно често проветрување на просторијата во која се наоѓа тоа. Прошетки во природата исто така обезбедуваат чист воздух.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Билјана Јованоска Димитровска е родена на 29.09.1979 во Прилеп. Високо образование завршува во 2006 г. на Медицинскиот факултет при „Тракиски универзитет“, Стара Загора, Република Бугарија. Со тоа се здобива со титулата доктор на медицина. Работно искуство: Од 8 февруари, Веледрогерија Фармас МН - медицински претставник на Фармамед-Босна; Од 1 февруари, во Веледрогерија Фармас МН - медицински претставник на Медис - Словенија; Од 3 Јуни 2008, во Геопром – Скопје, како медицински претставник - маркетинг менаџер; Од 16 април 2008 до 2 јуни 2008, во ПЗУ Кумамед - Куманово, како матичен лекар; Од 15 февруари 2007 до 15 април 2008, во ПЗУ Еуромедика, с.Матејче, како матичен лекар; Од 19 мај 2006 до 19 јуни 2006, во ПЗУ Интергин како волонтер во ординација по општа пракса. Дополнителни професионални активности: Од април 2006, активист на Црвен крст при Општина Кисела Вода, како факултативен предавач и член на испитна комисија за прва помош на возачи. Учество на професионални курсеви: Курс за едукација на лекари по прва помош, 14 Април 2006, Скопје, Македонија; I Конгрес на асоцијацијата на лекарите по општа и фамилијарна медицина на Југоисточна Европа, 2006 г. Професионални публикации: „Интеграција на менталното здравје во превенција на хроничните заболувања – логички модел“, I Конгрес на асоцијацијата на лекарите по општа и фамилијарна медицина на Југоисточна Европа, 2006 г.; „Хроничен отитис медиа - микробиолошки наоди“, Балкански весник на отологија и невро-отологија, 2002 г.; „Воспаление на средното уво и дисфункција на Ефстахиева туба во врска со алергиски ринитис“, Балкански весник на отологија и невро-отологија, 2001 г.; „Рано откривање на рак на дојка, нашето искуство“, ХХ Симпозиум за едукација на лекарите по општа пракса на Република Македонија, 2005 г. Огромно е задоволството да се знае и посетува веб-страна како Доктори.мк, која е единствена од ваков вид. Уште поголемо е задоволството да се придонесе за здравствената едукација на македонскиот веб-простор со сопствена статија. Навистина е чест да бидам дел од тимот на Доктори.мк. Да продолжиме во истиот дух!