Заштитете го вашето дете од Атописки дерматит

Што е Атописки дерматит?

Атопискиот дерматит (АД) е најчеста форма на егзема. Тој е долготраен. Околу 13 % од сите деца во САД имаат атописки дерматитис. Атопискиот дерматит обично започнува во доенечката возраст или во раното детство. Децата кои доаѓаат од семејства со историја за атописки дерматит, астма или поленска треска почесто развиваат атописки дерматит.

АД се смета за имуно-посредувано, воспалително заболување. Атопискиот дерматит е предизвикан од комбинација на генетски и надворешни фактори. Честите симптоми на екцем, сува кожа и интензивно чешање ( се јавува кога имунолошкиот систем ќе изреагира бурно на некоја дразба од околината на детето).

Симптоми

Општите симптоми на атописки дерматит вклучуваат:

• Чешање

• Црвенило и осип

• Кожа која е многу сува или лушпеста

• Отворени, корави или влажни рани

Кај доенчиња и мали деца, атопискиот дерматит обично започнува на лицето или на лактите и колената, места кои лесно можат да се чешаат и да се допираат.
Може да се прошири и на други делови од телото, но не и под памперсот, каде што влагата ја штити кожата.
 Кај постарите деца, атопискиот дерматит обично се појавува во прегибите на лактите, рацете и / или колената.

Исип или црвенило зад ушите на детето, на нивните нозе или скалпот, исто така, може да биде знак за атописки дерматит.
 Кај доенчиња и деца, кожата може да биде црвена, сува и перутава. Кожата е со бројни гребаници. Ако кожата се инфицира, може да се формира жолта кора или многу мали колекции на гној. Кожата на детето може да стане задебелена, (лихенификација) од премногу чешање и триење. Појавата на атописки дерматит се разликува од едно до друго дете.

Терапија

Во зависност од сериозноста на симптомите, атопискиот дерматит може да се лекува со тописки лекови, кои се нанесуваат на кожата: премачкување со кортикостероидни креми и средства за навлажнување на кожата, или имуносупресивни лекови кои делуваат на имунолошкиот систем.

Атописки дерматит, астма и алергии

Атописки дерматит може да постои и кај други познати медицински состојби. Овие други услови се нарекуваат ,,коморбидитети”. Атопискиот дерматит е дел од група на алергиски состојби. Всушност, атопија значи алергија. Тука спаѓаат астма, поленска треска и алергии на храна. Ако детето има една од овие состојби, веројатноста за појава на друга атописка состојба е зголемена.

Контактниот дерматит, исто така, се смета за атописки, иако неговата врска со астма и поленска треска е непозната.
 Околу 50 проценти од децата со умерен до тежок атописки дерматит развиваат алергиска астма. Симптомите на алергиска астма вклучуваат:

• Кашлање

• Визинг

• Недостаток на здив

• Стегање во градите

Околу 75 проценти од децата со умерен до тежок атописки дерматит развиваат алергиски ринитис или поленска треска. Симптомите на поленска треска вклучуваат: чешање, солзење, стегање во грлото, затнат нос или течење на носот, ушен притисок и замор.

До една третина од децата со атописки дерматит имаат алергии на храна. Алергија на храна е дефинирана како реакција што се јавува во период од 30 минути по внес на одредена храна, а предизвикува симптоми што се движат од уртикарија и отекување на усните па сè до проблеми со дишењето, повраќање и дијареа. Честа алергија на храна за деца со AD даваат кикирики, јајца, млеко и соја.

Гени и атописки дерматит

Развојот на атопичен дерматит кај децата е под влијание на генетиката, иако точниот начин на кој тој поминува од родители на деца е непознат.
 Ако еден родител има атописки дерматит или било која од другите атописки болести (астма, поленска треска), шансите се околу 50% дека детето ќе има едно или повеќе алергиски заболувања. Ако и двајцата родители се атопичари, шансите се уште поголеми.